Куманово ќе добие монтажно-демонтажна катна гаража

60

Од неодамна во центарот на Куманово локалната самоуправа на градот започна со
изградба на монтажно-демонтажна катна гаража, која засега според општинската власт ќе биде прва од таков вид во државата.

Станува збор за инвестиција вредна околу 250.000 евра, со која ќе се овозможи  паркинг простор за 80 моторни возила. Монтажно-демонтажната катна гаража ќе биде изградена во строгиот центар на градот, на местото на поранешен јавен паркинг простор.

Т.Д.