Кривичниот суд побара од МВР да распише потерница по Груевски

774

Кривичниот суд во Скопје попладнево достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против поранешниот премиер Никола Груевски.

Изминативе денови судските курири се обидуваа на Груевски да му го достават решението на Советот на Кривичен суд со кој се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна што тој треба да ја отслужи за случајот „Тенк“.

– Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата, соопштија од Кривичниот суд.