Кривична пријава за Владимир Талески за „Копанки“

383

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска денеска објави дека општина Битола поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и други лица за легализацијата на планинарскиот дом „Копанки”.

Кривичната пријава против Талески и другите лица е поднесена за злоупотреба на службената положба при донесувањето на правниот акт за легализација на планинарскиот дом „Копанки”.

Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска испрати молба до судските органи што побрзо да го расчистат, не само овој случај со легализацијата на „Копанки“, туку и другите судски предмети кои се водат против Талески, кои се уште немаат судска разрешница.

– Јас ја поништив легализацијата на „Копанки“ која претходно беше донесена од Талески, со која домот му беше даден на ПСК „Пелистер”. На таквото решение на општината Битола, ПСК „Пелистер“ поднесе жалба до Министерството за транспорт и врски, со која го обжали решението. Но Министерството за транспорт и врски одлучи дека жалбата е неоснована. Планинарскиот дом „Копанки“ е објект за кој општина Битола е подготвена да изврши целосна реконструкција како би можеле сите битолчани, љубители на планината, заедно повторо да пијат на „Копанки” –
истакна Петровска на денешната прес-конференција. М.М.