Коњаницата „Бигорски манастир- Патот на црешовото топче“ продефилира низ Кичево

861

По Кичевската и Мавровско-Реканската, денес низ Кичево продефилира и коњаницата„ Бигорски Манастир- Патот на црешовото топче“,која по деветти пат учествува во Илинденскиот марш.

Оваа коњаница на 27 јули го започна својот пат од манастирот „Свети Јован Бигорски“ и преку Бистра бачилото Салтаница и Кнежинскиот манастир денес пристигна и во Кичево. Учесниците во оваа коњаница го посетија храмот„ Свети Петар и Павле “каде добија благослов од свештенството, запалија свеќи и се помолија за здравје и среќен пат.

-По деветт,и пат годинава на Илинденскиот марш учествува и коњаницата „Бигорски манастир- Патот на црешовото топче“.На тргнувањето од манастирот „Свети Јован Бигорски“ учесниците на оваа коњаница најпрво примија благослов од старешинството на манастирот а потоа положија и заклетва. Пред тргнувањето од манастирските двери беше избран и војводата на коњаницата, а тој за годинава е Ѓоко Нане од Крушево. Инаку нашата коњаница ја сочинуваат доброволци од Гостивар,Тетово и војводата Нане од Крушево, кој по третпат е дел од оваа коњаница. Инаку и самото име на коњицата е продолжение на Илинденската традиција, бидејќи монасите од Бигорскиот манастир изработувале топчиња како помош на востаниците за одбрана на Крушево – истакна Добре Никоски, еден од основачите на оваа коњаница, која догодина треба да го прослави десетгодишниот јубилеј.

Вечерва оваа коњаница ќе ноќева во село Вранештица, каде по тој повод ќе биде организирана и комитска вечер од месното население.