Копанки се враќа во државна сопственост

263

Планинарскиот дом Копанки се враќа во сопственост на државата! Според информации на Битолски весник деновиве било поништен дел од решението за легализација на планинарскиот дом Копанки, кое претходното општинско раководство, на 3 декември 2015 година домот му го даде во сопственост на планинарското друштво Пелистер.

Со поништуваwето на дел од решението и враќањето на Копанки во сопственост на државата, се отвора можноста домот, кој веќе неколку години по пожарот стои руиниран, да може да се реновира и повторно изгради.

Сега, со враќањето на Копанки на државата, општината Битола има право да го побара домот од Владата да го земе во свое владение и да го обнови домот.

Со оглед на тоа што Советот на Битола веќе има донесено одлука да издвои 100.000 евра за реновирање на Копанки, може да се очекува во најскоро време да почне обновата на планинарскиот дом Копанки.