Концерт на „Некст Тајм“ на Китино Кале следната сабота

134
Фото: Зоран Антоски

Летово Китиното Кале во повеќе наврати беше музички епицентар во регионот, каде свои настапи имаа популарниот Лозано, групата Паркети и други помалку познати групи и солисти, а следната сабота ова култно место ќе биде домаќин на рок дуото Мартин и Стефан Филиповски, попознати како „Некст Тајм“.

– За првпат ќе имаме можност да настапиме на Китиното Кале, локалитет кадешто низ времето настапувале и најпознатите музички ѕвезди од поранешната држава а нам нѝ припадна честа следната сабота да реализираме успешен концерт. Ќе бидат застапени сите наши нумери, постари и понови и секако неизбежните преработки „Нешто ќе те питам бабо“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“ и други. Самиот простор и летната сцена се како создадени за големи концерти, тоа ќе биде и наша дополнителна инспирација, да дадеме сѐ од себе, за на присутните на концертот да им приредиме убава забава. Временските прогнози се поволни и тоа ќе биде можност за уште еден голем музички спектакл – рекоа Мартин и Стефан, со кои денес се сретнавме во Кичево.

Цената на билетите во претплата е 200 денари, додека пред самиот концерт 300 денари.

З.А.