Кнежинскиот манастир утре ќе го одбележи својот патрон „Свети Ѓорѓија Победоносец“

1078

Манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“, познат како Кнежински манастир, утре ќе го одбележи својот патрон, попознат меѓу народот како Ѓурѓовден. Одбележувањето на празникот ќе започне со света божествена литургија која ќе започне во 8 часот, а ќе ја отслужат свештеници од Кичевското архиерејско намесништво и на која во манастирската црква и во кругот на манастирот ќе присуствуваат голем број верници, како од Кичево така и од соседните градови.

Потоа за верниците присутни на ова одбележување, во новоизградената трпезарија ќе биде организирана т.н. Трпеза на љубовта, на која за присутните ќе има заеднички ручек. Инаку секоја година овој манастир е се поубав и поубав а, со изградбата на новите конаци и со фрескоживописаната трпезарија, кои беа осветени минатиот септември, како и со претходно изградените објекти е се попривлечен за верниците и од најдалечните населени места во земјава. Во кругот на манастирот се наоѓаат и трите свети води, средочна, петочна и неделечна, од кои верниците полнат вода за здравје и за пород.

Во кругот на манастирот се наоѓаат темелите на првоизградениот објект на манастирот, кој е едно од ретките свети места со поден мозаик, што го чини овој манастир да го наречат „Кичевски Плаошник “.

З.А.