Кнежинскиот манастир го одбележува својот патрон

192

Манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во село Кнежино го одбележува својот патрон и по тој повод вечерва во манастирската црква од 17.30 часот ќе биде одржана вечерна богослужба, додека утре на самиот празник во 7.30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, со која ќе чиноначалствува отец Кирил и на која се очекува присуство на голем број верници од Кичево и соседните градови.

-Манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во село Кнежино утре го одбележува својот патрон. Самото одбележување ќе биде збогатено со повеќе содржини. Најпрво вечерва со почеток во 17.30 часот во манастирската црква ќе биде отслужена вечерна богослужба. Утре во 7.30 часот ќе биде одржана утрена богослужба, со која ќе чиноначалствува отец Кирил и на која ќе присуствуваат припадничките на монашкото сестринство од „Света Пречиста Кичевска“ како и голем број на верници. За верниците кои се придржуваат кон божиќниот пост ќе има причест, а за сите оние кои ќе бидат присутни на утрената богослужба, од страна на годинешниот кум на манастирот ќе биде организиран манастирски ручек – рече сестра Софија, старешинка на манастирот во село Кнежино.

Инаку кумот на манастирот во село Кнежино традиционално се избира на 6 мај, Ѓурѓовден, и тој на манастирот ќе му служи во наредните 12 месеци.

З.А.