Кичево ќе добие нова пречистителна станица за отпадни води

124

Утре со мала свеченест и официјално ќе биде предадена во употреба новата пречистителна станица за отпадни фекални води во Кичево. Новата пречистителна станица започна да се гради есента 2016 година и се гради во две фази.

-Во првата фаза изградена е пречистителната станица и колекторски систем за градот и приградските населби, еквивалент за 36.000 жители. Во втората фаза се гради колекторски систем за зајашкиот регион и за дел од друговсиот регион или еквивалент за 46.000 жители-информираше при неодамнешната посета на новиот објект, ресорниот министер Садула Дураку и според неговите зборови комплетното завршување на овој систем ќе чини околу 15 милиони евра .

Според програмата за утре, во 11 часот ЕЛС Кичево ќе го посети амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, при што ќе оствари средба со градоначалникот Фатмир Дехари. Во 12 часот во месноста Девичово ќе биде свеченото пуштање во употреба на новоизградениот објект, а се очекува присуство на повеќе министри и премиерот Зоран Заев, кој заедно со амбасадорот на ЕУ во земјава Жбогар, треба да го означи почетокот на работа на новоизградениот објект прв од ваков вид во нашата земја.