Кичево зафатено од силно невреме

1971
фото Зоран Антоски

Во раните попладневни саати, Кичево и околината ги зафати силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, силни електрични празнења и град со помал интензитет.

За час улиците во градот се претворија во вистински реки, а на многу места поради немање или неисправна канализациска мрежа се создадоа и мали езерца.

Проблемот со недоволната пропусна моќ на канализациската мрежа, секогаш излегува на површина после вакво невреме и потоа сė си тече по старо, до нови силни врнежи од дожд и нови проблеми за граѓаните .