Кичево домакин на турнир во кик-бокс и бокс

154

Со учество на 28 натпреварувачи од Македонија, Хрватска, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово викендов во спортската сала „Јанчица“ во Кичево, се одржа спортски спектакл. На овој спортски настан имаше 14 борби од кои 11 во кик-бокс и 3 во бокс, од кои две за светски првак во категорија до 83 килограми во кик бокс.

Во првата од двете борби за светски првак, домашниот натпреварувач Бурим Алиу, уште во првата минута од мечот го одлучи победникот, по ударот со нога во брадата го совлада Србинот Антонио Зовак, кој после овој удар не беше способен  да ја продолжи борбата.

Во втората борба во истата категорија, Шемси Бекири од Косово го совлада Вања Димитров од Србија. Ефектната победа Беќири ја извојува во првата рунда со технички нокаут. Околу 1.500 гледачи можеа да уживаат во квалитетни и интересни борби и ова беше единствена можност да присуствуваат на ваков спортски  настан. Помеѓу гледачите имаше и голем број на гости од странство, менаџери, како и печалбари кои се наоѓаат на летен одмор во земјава.

З.А.