Кичево денеска без вода за пиење

32

Кичево денеска ќе остане без вода за пиење во периодот од 8 до 14 часот. 

Од јавното претпријатие „Комуналец“ информираат дека причина за прекинот е тоа што на неколку главни улици во централното градско подрачје ќе се менуваат старите водоводни цевки со нови.

Оттаму апелираат за разбирање кај граѓаните на Кичево.