Китино Кале утревечер ќе ги нагости Тони Зен, Бугимен и Мавртен

128
Фото: Зоран Антоски

Летово Китиното Кале претставува културен и забавен епицентар како на Кичево, така и на соседните градови, бидејќи на летната сцена на калето летово продефилираа Некст Тајм, Паркети, Лозано и утревечер со концертот под работен наслов „Стрит Соул Дилајт“ ќе се претстават раперот Тони Зен, Бугимен и Мавртен.

Почетокот на концертот ќе биде во 22 часот и се очекува добри два часа љубителите на овој вид музика од градот под Илиница да уживаат во понудениот репертоар.

Временските прилики се одлични, летната сцена е целосно подготвена да ги прими своите гости, а многубројните гледачи едвај чекаат да започне концертот и да уживаат во овој забавен спектакл.

-Некогаш забавниот епицентар на Кичево, Китиното Кале, кога тука гостуваа сите еминентни музички имиња од поранешната држава и редовно се одржуваше и избор на убавица, поново влегува во фокусот, со гостувањето на најпознатите наши солисти и групи, со што  целосно го променивме имиџот на нашиот град и секако на култното Китино Кале – вели Славе, познат музичар и редовен посетител на летните музички случувања во градот.

За наредното лето кога овој простор целосно ќе се реконструира, ќе бидат понудени нови содржини и ќе се претвори во вистинска мамка за сите групи и солисти од земјава, па и од надвор.

З.А.