Ки­но­про­ек­ци­ја на отво­ре­но во из­вид­нич­ки­от камп во Ки­че­во

260

Из­вид­нич­ки­от одред „Мир­ко Ми­ле­ски“ од Ки­че­во, утреве­чер, за прв­пат во кам­пот на одре­дот и, во­оп­што во гра­дот, ќе ор­га­ни­зи­ра ки­но­про­ек­ци­ја на отво­ре­но. Ќе се при­ка­жу­ва фил­мот „Џон Инг­лиш по­втор­но во ак­ци­ја“. По­че­то­кот на про­ек­ци­ја­та е во 20.30 ча­сот. Це­на­та на влез­ни­ци­те е са­мо 50 де­на­ри, а си­те се на­де­ва­ат де­ка и вре­мен­ски­те ус­ло­ви ќе би­дат на стра­на­та на фил­мо­фи­ли­те од гра­дот и на си­те оние што са­ка­ат друж­ба под отво­ре­но не­бо.

– Нам ни при­пад­на че­ста за прв­пат во на­ши­от град, во из­вид­нич­ки­от камп да ор­га­ни­зи­ра­ме ки­но­про­ек­ци­ја на отво­рен про­стор. Ќе гле­да­ме ко­ме­ди­ја, ко­ја ве­ру­ва­ме ќе ги за­до­во­ли вку­со­ви­те на по­се­ти­те­ли­те, кои ги оче­ку­ва­ме во го­лем број. Ова е уба­ва мож­ност за мла­ди­те од Ки­че­во да има­ат уба­ва друж­ба – ве­ли Бо­бан Сто­ја­но­ски од из­вид­нич­ки­от одред „Мир­ко Ми­ле­ски“ од Ки­че­во.

Ина­ку, во овој град пер­и­о­дов се слу­чу­ва­ат го­лем број кул­тур­ни на­ста­ни, а сѐ уште се споделуваат и впе­ча­то­ци­те по са­бот­ни­от со­ли­стич­ки кон­церт на Ло­за­но на Ки­ти­но Ка­ле, кој бе­ше до­ста по­се­тен и по­крај вр­неж­ли­во­то вре­ме.

З.А.