Кавадарци станува поубав и пофункционален град за своите граѓани

81

Интензивната комунална изградба на улиците во Кавадарци продолжи и во летните месеци, а градот овозможува полесно и пофункционално движење на граѓаните без разлика дали се пешаци или користат автомобили. Моментално се работи на реконструкција на тротоарот на улицата „Партизанска“ кај паркот „Полана“ на површина од 480 метри квадратни за што општината издвои 590 000 денари од буџетот. Паралелно се гради тротоар на дел од булеваррот „Моша Пијаде“, делницата на тротоарот од спојот со булевар „Цветан Димов“ до спојот со „Западен булевар“ односно нов кружен тек кај ОУ „Гоце Делчев“. За поставување на павер елементите на површина од 400 метри квадратни ќе бидат потрошени 630 000 денари информираат од општинаа.

Овој дел од градот во рамките на програмата на обновување на постојните и изградба на нови тротоари беше разубавен со изградба на нови тртоари на „Западен булевар“ со површина од 760 метри квадартни на потегот со спојот со улицата „Вишешница“ до влезот во паркингот на спортската сала „Јасмин“ за што од комуналната сметка беа потрошени близу 1 милион денари.

Вчера се работеше на земјените работи а денес веќе се поплочуваше новиот тотоар на аголот на северниот влез во спортската сала „Јасмин“. Со изградбата на овој трoтоар, влезот во салата ќе има оформени тротоари со павер елементи од двете страни со што движењето на посетителите во салата ќе биде многу побезбедно.

По извршената интервенција на водоводната и канализационата мрежа од страна на ЈП „Комуналец“ на улицата „7 Септември“ беше извршено и асфалтирање на површина од 550 метри квадратни на кракот кој води кон Здраствен дом Кавадарци. Со овој зафат влезот во здраствениот дом од главната улица е многу побезбеден и овозможува непречено движење на возилата од брзата помош.

Асфалтирана е најоштетената делнца од регионалниот пат Кавадарци- Мушов гроб во должина од 240 метри кај ромската населба на излезот од селото Ваташа. Овој проект општина Кавадарци го реализира во соработка со јавното претпријатие „Македонија пат“.

Регионалнио пат Кавадарци – Мушов гроб е витална сообраќајница која интензивно ја користат повеќе стопански субјекти како и кавадарчани за пристап до излетничкото место „Браната“, Моклишкиот манастир Св .Никола, Спомен паркот !2 Ваташки младинци Моклиште и висорамнината Витачево како и сите села од Бошавијата и подножчето на Кожув Планина.

Ми.М.