Кавадарци се поднови со 45 контејнери за селектиран отпад

218

Општина Кавадарци заедно со Јавното претпријатие „Комуналец“ од претпријатието за трговија и складирање на отпад „Пакомак“ од Скопје деновиве доби донација од 45 нови контејнери за стакло, пластика, лименки и хартија.

Контејнерите нареднава седмица ќе бидат поставени на однапред утврдени соодветни локации во градската средина со што конечно ќе се овозможи и кавадарчани да ја имаат можноста да го селектираат отпадот кој може да се рециклира во нашата држава.

Пред неколку години во соработка со „Пакомак“ во неколку основни училишта беа поставени контејнери за селектирање на хартија што се покажа како многу успешно, меѓутоа со оваа донација граѓаните ќе можат да селектираат и отпад од стакло, пластика и лименки заедно со хартијата.

По овој повод градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев упати јавен побик до граѓаните соодветно да го селектираат и одложуваат отпадот за да може општината да оствари бенефит.

Во брзо време се предвидува набавка на преса за пресирање на отпадот па бенефитот ќе може да го почуствуваат граѓаните и ЈП „Комуналец“. Градоначалникот Јанчев информира за набавката на нова механизација во возниот парка на „Комуналец“ и тоа нов трактор и две приколки за потребите на водовод и канализација.

М.М.