И денеска протести на вработените во „Еурокомпозит“ низ Прилеп

212

Вработените од прилепски „Еурокомпизит“ не само во Скопје, туку и во Прилеп денеска протестираа одејќи низ прилепските улици. На овој начин тие го изразија повторно револтот за она што се случува во фирмата. Велат дека се измамени и дека продолжува агонијата со нивната фирма.

Премиерот Зоран Заев, кој беше во Прилеп, на новинарско прашање одговори дека за состојбите во прилепски „Еурокомпозит“, ќе се расправа на владина седница.

Ка.М.