Вечерва на една улица во средиштето на Кичево, беше организирана Ифтарска вечера, која за верниците од градот ја служеше збратимената општина Бајрам Паша од Република Турција, општина каде што има најголема колонија на иселеници од Македонија, и каде активно функционира Кичевското здружение.

– Традиционално во месецот на Рамазанот, во Кичево Ифтарската вечера за верниците од градот организира збратимената општина Бајрам Паша од Република Турција. Вечерата беше збогатена и со настап на повеќе пејачи и групи од оваа пријателска земја, а свое видео-обраќање до присутните на вечерата имаше и градоначалникот на општина Бајрам Паша, Атила Ајтинер, кој поради обврски не можеше да присуствува на Ифтарската вечера. Инаку, вечерата за верниците се состоеше од ориз со пилешко, десерт шеќер паре и по едно шише негазирана вода – истакнаа од турската заедница од Кичево.

Покрај останатите, на вечерата беа присутни и претставници на локалната самоуправа од Општина Кичево.

З.А.