Исчистена голема градежна депонија во Берово

249

Во рамките на активностите на Општината за почиста и поубава животна средина за сите, деновиве темелно беше исчистена депонијата за градежен отпад во близината на Берово, кај месноста Црвен Брег.
Оваа депонија, често е предмет за несовесно расфрлање отпад, за што секако најголем виновник е човекот.

– Секојдневно упатуваме апел за чиста животна средина, да се почитува работата на работниците, а на идните генерации да им предадеме чиста и здрава животна средина, меѓутоа, за жал, сѐ уште сме сведоци на секојдневно несовесно однесување. Затоа почитувани сограѓани, размислете добро пред да го фрлите отпадот онаму каде што не му е местото – велат во Општината.