Изутринава почувствувани два земјотреси во Штип

118

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево утринава во 8 часот и во 8:15 часот, регистрираше два земјотреси, чиј епицентри се наоѓаат 77 километри југоисточно од Скопје.

Според досегашните податоци нивните Рихтерови магнитуди изнесуваа 3.1 на првиот и 2.7 на вториот земјотрес. Беа почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.