Изложба на подводни фотографии во Охрид

61

По повод Денот на Охридското Езеро, утре на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи изложба на подводни фотографии во организација на нуркачкиот центар „Анфора“ од Охрид.

На изложбата ќе бидат презентирани 30 фотографии од подводниот свет на Охридското Езеро. Фотографиите се дела на нуркачите Милутин Секулоски и Јован Секулоски.

Изложбата ќе започне во 11 часот и ќе биде на отворено. Сите љубители на подводниот свет и туристи во Охрид ќе имаат одлична можност да уживаат во скриените убавини на Охридското Езеро.

Од нуркачкиот центар „Анфора“ информираат дека имаат направено повеќе подводни фотографии, но најубавите 30 ќе бидат изложени токму утре.

Подводните фотографии ќе бидат достапни за посетителите само неколку часа по отворањето на изложбата.