Изграденo новo детскo игралиште

38

Берово

По повеќе од 10 години е уреден уште еден простор во Општина Берово, кој многу години беше руина и неубава слика на улицата Партизанска. Поставени се спортски реквизити за деца, клупи за одмор и рекреација, а урбанизирана е исто така и парковска површина на којa е засаденo новo зеленило. Од Општината велат дека урбаното уредување и новите содржини за децата, но и за возрасните, станаа секојдневна работа на нивните служби. Додаваат дека иако е време на пандемија, сериозно се зафаќаат со вакви активности за разубавување на градот, со надеж за почеток на туристичката сезона.

– Паркот е изграден во рамките на проект „Збогатување на туристичката понуда, со изградба, уредување и осветлување“, кој се реализира со средства од Програмата за регионален развој, преку Центарот за развој на источниот плански регион. Вистинското освежување за очите на улицата Партизанска наскоро ќе биде дополнето и со уредувањето на кејот на реката Брегалница. Тоа ќе се реализира преку активности на Интеррег ИПА-програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија – објаснуваат од локалната самоуправа на Берово.