Зголемени коефициентите за дежурства и ноќен труд на здравствените работници

922

Дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите од мартовската плата ќе се исплатат по нови покачени коефициенти.

Ова го соопшти вечерва Министерството за здравство по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со претседателите на Самостојниот синдикат на Клинички центар Горан Беговиќ и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита  Љубиша Каранфиловски.

На оние кои веќе ја примиле мартовската плата дополнително ќе им се исплати разликата.

Од Министерството за здравство наведуваат дека веќе е одвоена дополнителна сума од Буџетот на ФЗОМ, а по потпишување на договорот ќе се изврши исплатата.