Завршна конференција на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“

95

Здружението за развој и интеграција на млади роми и ромки „Преродба“ од Кичево, денес ја одржа завршната конференција на која беа презентирани резултатите од истражувањето што беше спроведено во изминатите 6 месеци од страна на претставници на ромската популација од градот.

-На денешната завршна конференција на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“, ги презентиравме сублимираните резултати добиени од шестмесечното истражување, во кое беа вклучени анкетари од ромската зедница, а беа анкетирани 50 лица од оваа заедница, од различна возраст од обата пола и со различна економска структура. По извршеното истражување и добиените резултати, произлегоа и предлози за надминување и намалување на дискриминацијата врз ромите, што во многу сегменти е констатирано исто и при оваа анкета. Се што е сработено во изминатите шест месеци е целосно документирано, а истото спакувано и во електронска форма-истакна Емин Мамудоски, проект координатор од НВО „Преродба“ од Кичево.

Оваа конференција е во склоп на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од страна на асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце-Тетово“, во партнерство со „Групата за малцински права“- Лондон.

Зоран Антоски