Екстремно намален водостојот на Сатеска кај Ботун

80

Водостоите на реките се во рамките на повеќегодишниот просек за февруари со исклучок на Сатеска на мерното место кај Ботун каде нивото е за 15 пати пониско од вообичаеното и Треска кај Македонски Брод со скоро двојно понизок водостој, покажуваат последните податоци од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Дојранското Езеро е речиси три метри повисок од просечниот, кај Преспанското е во рамки на просекот, а Охридското Езеро има за 12 сантиметри пониско ниво од просечното за овој месец.