Драстично намалени нивоата на Сатеска, Дрим и Треска

83

Речиси пет пати пониско од февруарскиот просек е нивото на реката Сатеска кај Ботун, а за четири пати се намалени Црн Дрим кај Ложани и Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, намали се нивоата на сите реки во земјава. Преполовен е водостојот на Црна кај Новаци, Струмица кај Ново Село, Бабуна кај Богомила и на Крива Река кај Крива Паланка.

Нивоата на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско, не отстапуваат значително и се околу просекот за февруари.