До 10 февруари се доставуваат мостри за избор на најдобри вина и ракии

86
Наградите ќе бидат врачени на 14 фебруари

И оваа година, во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун ќе се одржи натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители. За таа цел организаторот, општината Неготино, ги информира сите заинтересирани за учество на натпреварот дека рокот за поднесување мостри од бели и црвени вина и ракии е до понеделник, 10.2.2020 година, од 8 до 16 часот, во просториите на локалната самоуправа.

– Мострите од бели и црвени вина и ракии производителите може да ги достават до одговорното лице Дени Трајков, на третиот кат во зградата на општината Неготино, а подетални информации може да се добијат и на телефонскиот број 078 822-292. Традиционално, и оваа година поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручни лица-енолози, кои ќе одлучат кои вина и ракии ќе добијат признанија и награди за квалитет – информираат од општината.

Наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производители на домашни вина и ракии ќе им ги врачи градоначалникот на општината Неготино, Тони Делков, на централниот настан по повод Свети Трифун, на 14 февруари, кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино.