Доктор физички нападнал доктор во Битола

2445

Додека досега често пати слушавме дека пациенти нападнале доктор, синоќа во Битола се случи доктор физички да нападне доктор.

Според информации на Нова Македонија, синоќа во Итната медицинска помош во Битола дошло до тепачка на двајца доктори, од кои едниот бил психијатар.

Имено докторот кој работи како психијатар во приватна пракса наводно ја нападнал дежурната докторка, која во тој момент интервенирала кај пациент.

По инцидентот двајцата доктори завршиле во Клиничката болница во Битола. Докторката била примена во одделението за максиофасцијална хирургија, а докторот во хирушкото одделенеи.

Засега нема информации кои биле причините за тепачката и со какви повреди се здобиле докторите.

Во СВР Битола за овој немил настан не сакаа да зборуваат. Таму само ни потврдија дека дежурната докторка пријавила дека била нападната додека била на работно место, а за сите дополнителни информации да се обратиме до портпаролката на СВР Битола, која за жал не беше достапна.

М.М.