Дождот создаде „улична река“ во Кичево

2420

Улицата „11 септември“ во Кичево, беше целосно реконструирана минатото лето, од касарната до булеварот „Ослободување“, и според зборовите на општинарите, на улицата целосно била променета фекалната и поставена нова, засебна атмосферска канализација со цевки од поголем профил, за да има што поголема пропусна моќ.

Сепак, по денешните врнежи од дожд и сликата која таму ја видовме, состојбата е загрижувачка, бидејќи водата, наместо во канализациската мрежа, истекуваше по целата широчина на улицата, која денес наликуваше на река со воден талог со длабочина од околу 40 сантиметри.

Граѓаните од оваа населба и претходно се пожалија на континуираната смрдеа која излегува од шахтите по врнежите дожд. З.А.