Доделени признанија за најуспешните ученици во Тетово

179

Сите ученици од основните и средните училишта во Тетово кои освоиле награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари во изминатата учебна година добија признанија од општината. Градоначалничката Теута Арифи на вкупно 118 ученици покрај благодарници им додели и по една книга.

-Задоволство ми е што имаме важен повод поврзан со успехот на нашите деца, сите ученици во општина Тетово.Вистинската вредност е знаењето кое го постигнуваме. На почетоците на животот, ви претстојуваат големите предизвици. Се потсетувам на прво место на натпреварите по географија и второ место по англиски-рече градоначалничката.

Традиционална завршна приредба на најголемите групи од детските градинки Младост се одржа денес во центарот за култура “Иљо Антевски Смок” во Тетово. Триста деца годинава преку градинките ја поминаа претшколската подготовка во најголемите групи.

Децата со нивните игри и песни покажаа што научиле во овие неколку години со воспитувачките. Главната порака што децата ја испратија е дека сакаат чиста животна средина,природа и воздух.

Вкупно 1.200 деца во ова учебна година беа згрижени во сите објекти на јавната општинска установа детските градинки Младост.