Договор за проширување дејностите на ФОД „Битола“

146

Во фабриката за опрема и делови ФОД „Битола“ која работи во составот на РЕК „Битола“ денеска се одржа состанок, на кој присуствуваше и првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

На состанокот стана збор за проширување на дејностите на ФОД „Битола“ за потребите на РЕК „Битола“. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, по состанокот изјави дека АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК „Битола“.

ФОД дава услуги на РЕК „Битола“ и на РЕК „Осломеј“, но со цел да се обезбеди повеќе работа за фабриката. На денешниот состанок на генералниот директор Ковачевски со раководството на фабриката се разгледуваа можности фирмата да преземе и други работни обврски во рамките на двата комбината, како и во другите подружници на АД Електрани на Северна Македонија, се со цел да ги зголеми остварените приходи, со што ќе придонесе кон намалување на вкупните трошоците на ниво на цело АД ЕСМ и остварување подобри резултати.

Исто така, на работната средба се разгледуваа и проекти за различни инвестициски зафати за проширување на капацитетите на ФОД, како и воведување современи практики за намалување на трошоците на производство и за заштеда на енергија. М.М.