Дневен центар за церебрална парализа отворен денес во Прилеп

45

Дневен Центар за церебрална парализа беше отворен денеска во Прилеп, кој ќе биде од исклучително значење за децата и за нивните родители. Овој е втор ваков центар во државата, по Скопје, а објектот е приспособен во согласност со пропишаните нормативи и стандарди за згрижување на лица со попречености.

-Заедно со родителите на ваквите лица го остваривме овој проект. Тоа ќе биде поттик за следни активности. Направивме услуга не само за децата, туку и за родителите. Во иднина ќе докажеме дека се грижиме за лицата со хендикепт – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

На отворањето на дневниот центар присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која посочи дека Министерството за труд и социјална политика работи на унапредување на системот за социјална заштита.

-Ова е еден од посвремените центри. Лицата не само што ќе се ресоцијализираат, тука ќе доаѓаат и други лица, односно општеството ќе влезе во ваквите центри. Заеднички создаваме општество за разбирање. Со влучување на сите градиме подобро општество – изјави министерката Царовска.

Во Центарот ќе можат да бидат вклучени околу 30 кориници.

-Ова е една нова услуга што ќе ја испорачаме со квалитетна поддршка. Ќе го подигнеме квалитетно секојдневно животот на оваа категорија граѓани. Најважно ќе биде негата и едукација која ќе ја водат десетина колеги – изјави Живко Силјаноски, директор на Центарот за социјални работи – Прилеп

За изградба на Центарот беа инвестирани два милиони денари.

Ка.М.