Депонии крај празните контејнери во Кичево

128

Лошите навики на граѓаните на Кичево, во и крај контејнерите да ги одлагаат кабастите предмети никако да се искоренат. Така и летово сведоци сме на граѓанската недисциплина, што придонесува за лошата визулна слика што ја добиваат гостите во градот, кои во овој период ги има во голем број.

– Безброј пати сме упатувале апели до граѓаните кабастите предмети да не ги одлагаат во и крај контејнерите, туку да се обратат до нашата компанија и овие предмети за симболична сума да бидат собрани и транспортирани на депонија. Но и покрај нашите замолници, сепак навиките не се менуваат, лошата слика во градот не се подобрува, и овие предмети, па и градежен шут, често се одлагаат и во самите контејнери. Тоа придонесува нашите специјални возила од овие предмети често да се расипат, а направената штета да биде многу поголема од извршената работа – истакнуваат од комуналното претпријатие. З.А.