Денот на полицијата одбележан во Прилеп

999

Денот на полицијата 7 мај денеска беше одбележан и во полициската станица Прилеп. При тоа полициската станица ја посети и градоначалникот Илија Јованоски, кој разговорот со командирот, Кире Спиркоски, ја акцентираше оценката дека Прилепската станица треба да прерасне во Сектор за внатрешни работи, статус што ѝ одземен речиси пред деценија.

– Со својата професионалност и сериозност во работата, вработените во ПС Прилеп ќе продолжат понатаму со истиот успех, како и досега. Во овој момент сакам да посочам дека, Прилеп не заслужува да остане само Полициска станица. На Прилеп му е потребен Сектор за внатрешни работи, бидејќи тоа му е потребно на градот со огромни површини, со голем број жители. Се надевам дека следената година, токму на овој ден ќе им го честитаме празникот, како Сектор за внатрешни работи, посочи градоначалникот Јованоски.

Ка.М.