Дел од патoт Охрид-Свети Наум од денеска затворен поради градежни активности

109

Регионалниот пат од Охрид кон Свети Наум денеска од 13 часот се затвора за сообраќај во должина од 600 метри поради изведување на градежни работи.

Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека ќе биде затворен патот од Билјанини извори кон хотелот Славија во должина од 600 метри.

Забраната ќе трае до крајот на изведување на градежните работи.