Двајца кичевци повредени од кучиња-скитници во ист ден

220

Еден од најгорливите проблеми што на граѓаните на Кичево им создава секојдневни главоболки се нападите од кучиња скитници, и речиси да нема ден, а да не се случи напад од куче скитник врз недолжни граѓани . Така, само во текот на вчерашниот ден во ПС-Кичево се пријавени два случаи на каснувања од кучиња скитници.

Во првиот случај настрадал Д.К. (44), кога околу 11 часот на крстосницата на улиците „Ѓорѓи Сугааре“ и „Рудничка“ бил каснат од куче скитник во левата натколеница. Истиот ден, околу 15 часот од куче скитник бил каснат А.А.(55) на улицата „Амит Челопечанец“, при што се здобил со рана во десната потколеница. Кичевци се прашуваат дали треба уште некој да биде повреден, за да почнат одговорните структури да го решаваат овој проблем.

За потсетување, сè уште не е заборавен случајот од едно Кичевско село каде смртно настрада малолетно дете и случајот од пред еден месец кога во градот од агресивни кучиња скитници тешко беше повредена една жена. Стравот на граѓаните е оправдан и се апелира проблемот што побргу да се реши. З.А.