Грмотевици, пороен дожд и силен ветер најавува УХРМ за утре

2177

Нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува за утре УХМР.

Според метеоролозите, локално процесите се очекува да бидат поинтензивни.

– Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет – наведува Управата за хидрометеоролошки работи.