Граѓански протест во Кичево против поскапување на струјата

488
Фото: Зоран Антоски

Во раните вечерни часови од страна на граѓаните на Кичево беше организиран протест со кој се бара од Регулаторна комисија да ја врати цената на  струјата на претходното ниво, затоа што новата цена на струјата ќе предизвика нов бран на поскапувања и директен удар врз животниот стандард на сѐ посиромашните граѓани.

Инаку протестот започна на градскиот плоштад од каде протестантите се упатија  по булеварот „Ослободување“ кон железничката станица и кога тргнаа на крстосницата на Магистралниот пат, беа спречени во својата намера од полицијата, по што се разотидоа.

– Пред насобраните граѓани на протестот имаше повеќе обраќања на македонски и албански јазик и од каде беше порачано да не се дозволи поскапување на струјата, што ќе има негативни импликации врз џебот на граѓаните. Од нас зависи да се обединиме сите националности, за да не се дозволи ново поскапување на струјата, да го кренеме гласот и да кажеме „стоп“ за поскапувањето, што ќе им овозможи поголеми профити на капиталистите и поголема сиромаштија на граѓаните – порачаа говорниците на протестот и најавија дека протестите ќе продолжат сѐ дотогаш додека цената на струјата не се врати на претходно ниво.