Грант од 90 илјади евра за изградба на фекална канализација и пречистителна станица во село Суводол

185

Со проектот Нордиска поддршка за напредок на Република Македонија, денес во просториите на општина Македонски Брод, беше потпишан договорот за грант во износ од 90 илјади евра, обезбедени од Норвешката Влада и имплементирани преку канцеларијата на Обединетите Нации за проектни циклуси УНОПС.

Средствата од овој грант ќе бидат наменети за изградба на фекална канализација со пречистителна станица во село Суводол, оддалечено неполни 5 км од општинскиот центар, Македонски Брод.

 Најпрво со изградбата на пречистителната станица за фекални отпадни води во општина Кичево и изградбата на попатните пречистителни станици, како што ќе биде оваа во село Суводол, водата во реката Треска ќе биде многу почиста и ќе ги задоволува меѓународните стандарди, што во иднина  од нашата земја го бара и ЕУ.