Грант од 50 илјади франци за граѓански проекти во Битола

100

Во рамките на програмата „Зајакнување на општински совети“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, денес во општина Битола се одржа втората форумска сесија. Форумите во заедницата во општина Битола се една од активностите во која директно учествуваат граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво за подобрување на нашата општина.
Форумите се однесуваат на социјалната инклузија и во склоп на истата обезбеден е грант во износ од 50.000 Швајцарски франци, за граѓански проекти произлезени од сесиите. Во висина на грантот ќе бидат финансирани минимум 1 до максимум 3 проекти кои што ќе произлезат од форумските сесии. Предлозите за проектите ќе бидат дадени непосредно од граѓаните на форумските сесии, и граѓаните ќе одлучат кои од проектите ќе бидат избрани и реализирани од страна на општина Битола.
М.М.