Градот пред време го обра родот во Кичевско

862
Фото: Зоран Антоски

Невремето кое вчера доцна попладне го зафати кичевскиот регион, направи големи штето кај градинарските култури и кај овошките, кои при ова невреме претрпеа најголеми штети а во северниот дел од општината родот е целосно уништен.

-Синоќешното невреме за нас овоштарите беше навистина многу непријатно, бидејќи невремето што го зафати нашиот регион проследено со силен дожд и со град со големина на помало јајце, придонесе штетите кај овошните насади да бидат целосни. Летово повеќе нема да вкусиме ниту цреши ниту некои овоштија кои покасно зреат, бидејќи градот направи вистинска пустош. Тоа ти е фабрика под ведро небо, ќе работиш цела година и во само половина час невремето ќе те остави беа очекуваниот род. Но против божјите закони навистина не можеме да се бориме –се пожалија повеќемина овоштари од Кичевско .

Најголеми штети се направени во селата од зајашкиот регион, каде градот падна во изобилстви и за час подлогата беше бела како сред зима.

З.А.