Голем застој на граничниот премин Богородица-Евзони

802

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор, соопшти МВР по повод огромните гужви на граничниот премин Богородица-Евзони.

МВР јави дека во делот на Република Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчката страна.

Инаку, дел од возачите се излезени од своите возила, а останатите свират во знак на револт поради долгото чекање.

Од седум ленти за пропуштање на возилата низ граница, работат само три. Колоните се од едната до другата страна на границата, со што станува невозможно да се пропуштаат возила од македонска кон грчка страна.