Големо невреме го погоди Прилеп и околината

1786

Силно невреме проследно со град го зафати Прилепско денеска околу пладне. Поплавени беа улиците, но најмногу настрадаа земјоделските производи во околните населени места.

Според првични инфромации од поединци земјоделци во Мало и Големо Коњари речиси целосно е уништен тутунот.

– Отиде сė. Целиот род за годинава. Сė е уништено и тутун и земјоделските производи. Никој нема да ни ја надомести штетата, а не, пак, вложениот труд. Ми се плаче – изјави еден тутопроизводител од прилепско.

Ка.М.