Годинашниов тиквешки гроздобер со рекордна посетеност

908

Тродневното празнување на гроздоберот годинава го одбележаа бројни настани, гостување на познати музички имања, многу атракции и рекордна посетеност досега. Сето ова немаше да биде изводливо доколку годинава не видовме одлична организација на манифестацијата која беше пропратена со неколку спортски манифестации, возобновување на меморијалниот кошаркарски турнир „Сестри Китеви“, масовното присуство на моторџиите и велосипедистите од Македонија заедно со нивните домаќини од Кавадарци и најбогатата петта по ред изложба на стари автомобили кој понуди рекорден број ретки примероци на автомобили кои вредеше да се видат како и да се чујат приказните за нив од нивните сопствените од цела Македонија. Не помалку забележана беше и трката на келнери и натпреварот во коктели направени со вино.

Во културните настани на првиот ден од гроздоберот беше промовирана книгата на
вински мудрости „Буке“ на Душко Стефанова додек во Музеј галерија на Кавдарци беше отворена изложба на дела од депото на музејот и беше промовирана фотомонографија под наслов „Ризница на ликовни дела“ од Весна Ѓорѓиева и Трајче Цветков.

Ризницата на ликовни дела на Музеј-галерија Кавадарци е збирка од значајно културно наследство во која досега се застапени 77 автори со 154 уметнички дела. Во
монографијата се презентирани дела на врвни ликовни уметници на современата македоснка ликовна сцена како што се: Петар Мазев, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ана Темкова, Љубомир Белогаски, Никола Баснарков, Борко Лазевски, Теофил Шулајовски, Ружица и Јован Јосифовски, Петар Наневски и други. Најголем број од делата припаѓаат на помладата генерација ликовни уметници од Кавадарци како: Ристо Соколо, Гоце Јосифовски-Ромбо, Владимир Темков, Димитар Самарџиев, Ранко Дакиќ, Горан Боев, Лазар Дојчинов, Симона Манчева и други како дела од автори од Словенија, Хрватска , Австрија и Турција.

Годинава ново место за забава наменето за помладата генерација беше Спомен
костурницата во градскиот парк каде случувањата започнуваа подоцна околу полноќ со гостување на диџеи. Она што беше заедничко во сите коментари беше одличната
организација. За постарата публика малиот парк во центарот на градот беше преостапен на убавата староградска песна и добрата скара, додека во вечерните часови на видеобим се пренесуваа музичките случувања од централната бина на градскиот плоштад.

Карневалската поворка која е белег на Тиквешкиот гроздобер повеќе од половина век
годинава изобилување со прекрасно осмислени групни маски од сите учесници, одлични маски од кои најголем дел во знакот на гроздоберот. И годинава манифестацијата ја посети претседателот на државата Ѓорѓе Иванов со сопругата, дел од дипломатскиот кор и голем број на гости од збратимените градови на Кавадарци, Бољевац, Лесковац, Горни Милановац, Ковин Углевиќ, Фокшари Пантелеј, Птуј и гости од асоцијацијата на европски карневаски градови.

Во музичкиот дел настапија Слаткаристика, Љубојна, Некс тајм и големата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ која дополнително придонесе третата вечер од Тиквешкиот гроздобер да привлече рекорден број публика.

Резимето од годинашново издание на Тиквешки гроздобер е дека имаше одлична
организација и рекордна посетеност кој неофицијално бележи бројка од 50.000 посетители. Ми.М.