Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднесе неотповиклива оставка. За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче. Засега не се познати причините за оставката на Бајовска. Инаку Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години. М.М.