Генерално чистење на вливот во акумуалцијата Стрежево

139

Вработените во ЈП „Стрежево“ беа ангажирани во чистење на вливот во акумулацијата Стрежево.
– Дури и во ваков чувствителен период, исклучително сложени услови на вонредна состојба и борбата со коронавирусот претпријатието не отстапи од зацртаните цели. Несомнено состојбата налагаше изминатиот период да немаме масовни акции за чистење, туку тоа да го вршат теренските екипи во претпријатието кои се директно надлежни и задолжени за заштита на водите. Со овие акции очекуваме значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и подигнување на еколошката свест на граѓаните. Очекуваме преку оваа акција да ја разбудиме свеста на граѓаните и месните жители, да не го оставаат ѓубрето крај самата акумулација и да водат повеќе грижа за да биде зачуван овој бисер од непроценлива важност за сите нас.
Упатуваме апел до граѓаните за совесно и правилно да манипулираат со својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас – изјави во врска со акцијата за чистење на вливот во акумулациајата, директорот на ЈП „Стрежево“, Методија Граматковски.
М.М.