Втора вечер на „Пивофест“

347

Во убава и весела атмосфера, со музика за сите генерации, со голтка пиво и вкусна скара, синоќа, во Прилеп беше отворена големата балканска манифестација „Пивофест 2019″. Посетителите задоволни, велат дека Фестивалот е препознатлив за регионот и дека 17-годишната традиција овозможува добра забава. Се забавуваа на настапите на Галија, Селимова Желчески, Ивана Негатив, Ѓорѓе Давид и Прилепски еснафи.

-„Пивофест” е атрактивен како настан, гоелма туристичка атракција која го привлекува вниманието на посетителите и гостите од цела Македонија и од странство. Секоја година ми доаѓаат гости – вели еден прилепчанец.

Од првата вечер задоволни и организаторите.

Вечерва е втората вечер на која настапуваат Миле Кузманоски, Кантурови и на крајот Светлана Ражњатовиќ – Цеца. Денеска и утре се очекува посета и на политичари и на дипломатски претставници во земјава.

Ка.М.