Времето денеска сончево и топло, од утре дожд

103

Времето денеска е сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Како што најави УХМР, утре попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со засилен ветер и град. Локална појава на дожд и грмежи ќе има и во понеделник и вторник попладне.