Во четири основни училишта во Кичево наставата се одвива непречено

198

И покрај тоа што утринава ги примија првачињата, повеќето основни училишта во oпштина Кичево се приклучија кон еднодневниот предупредувачки штрајк. Истото се случи и во двете средни училишта, во кои утринава од страна на професорите беа примени новите средношколци, меѓутоа од 8 часот вработените се приклучија кон еднодневниот штрајк.

Само во четири основни училишта во општината наставата се одвива непречено и вработените беа на своите работни места.

– Во нашата општина само во четири училишта вработените не беа на штрајк и во нив наставата се одвиваше според зацртаната програма. Наставата се одвиваше во следните основни училишта: „Наим Фрашери“ од село Јагол Доленци, „Милтон Гурри“ од село Стрелци“, „Реџо Рушити Зајази“ од село Зајас и „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево. Во останатите општински училишта вработените во основните и средните училишта ги примија новозапишаните првачиња и средношколци и од 8 часот се приклучија на еднодневниот предупредувачки штрајк. Од утре наставата во сите основни и во средни училишта ќе се одвива според предвидената програма – истакна Саније Садику, одговорнa за образование во општина Кичево.

Традиционално во првиот училишен ден повеќето училишта во општината ги посети градоначалникот Фатмир Дехари, кој на вработените и учениците им посака успешна работа.

З.А.