Во тетовските средни училишта вкупно 3. 434 слободни места

463

Во седумте тетовски средни училишта има слободни места за 3. 434 ученика, според објавениот Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2018/2019 година во Република Македонија на Министерството за образование и наука.

Најмногу слободни места има во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ каде ќе можат да се запишат 986 ученици. Во 29 паралелки (374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 612 ученици во 18 паралелки со настава на албански јазик.
– Поради реформите во стручното образование во новата учебна година воведуваме и профили од три години како градинар, цвеќар, столар и слично. Ги повикуваме деветтодделенците исто така да се запишат во нашето училиште со оглед дека имаме образување на кадри кои се дефицитани на пазарот на труд како и можноста за продолжување на соодветен факултет – изјави Небојша Трпковски, директор на училиштето.

Спроед конкурсот на ресорното министерство во прва година во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки – 102 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик и 408 ученици во 12 паралелки со настава на албански јазик, додека во Втората гимназија 7-ми март ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки со настава на албански јазик.

Во Медицинското училиште „Никола Штејн“ има слободни места за 680 ученици во 20 паралелки, додека во Економското училиште „8 Септември“ има слободни места за 442 ученици во 13 паралелки. 340 ученици во 10 паралелки ќе се запишат Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“ (34 ученици во 1 паралелка со настава на македонски јазик и 306 ученици во 9 паралелки со настава на албански јазик) .

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово информираат дека бројот на деветтооделенци кои следат настава во текот на оваа учебна година и завршуваат основно образование изнесува вкупно 2.174, од кои 1 767 на албански јазик, 386 на настава на македонски и 21 ученик на настава на турски јазик.

А.С